ВЕСТИ

 

сегашниот државен Грб на Рeпублика Македoнија  

01.01.2016 

Македонија

 

Гоце Делчев (1872 – 1903)  еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ peкoл: 

''САМО МАКЕДОНЦИТЕ МОЖАТ ДА СИ ПОМОГНАТ ЗА ДА ЈА ОСЛОБОДАТ МАКЕДОНИЈА, А ПОМОШТА ОД ДРУГИТЕ ДЕКА E ЛАЖНА.''

Нема да зборуваме за Гоце Делчев тука ма за Македонската имиграција, која е ''распрскана'' насекаде по овој свет.

Што прави не само оваа влада ма и поранешните, прецедателот на државата за враќање на нашите иселеници во Македонија,...???? а да бараат да и помогнат,.. прецедателот бараше,.. пред некој месец ако се сеќавате.

Република Македонија по прецизно политичарите на сите начини гледаат да од Македонија направат ''европска држава'', тоа баш не верувам дека ќе биде правиот пат за овааа држава, МА Македонија треба да си има свој ''карактер''. На што мислам,.. мислам на ослободување на Македонија на дел од разно разните даноци и такси,.. тоа е правиот пат. Оваа Македонска Држава треба да ѓи ослободи граѓаните од тие даноци уште од римско ропство па навака. Ако не друго барем некоја толеранција, додека овааа ''современа'' Македонска Држава нема толеранција, НЕ САМО што нема толеранција, туку се заоструваат законите. Се намалува слободата на граѓаните: плукни, 50 еврa, не стави безбедносен каиш во автомобил уште 50 евра,.. напиjсе една чашка повеќе 300 евра,,.. тие работи треба да се решаваат на друг начин не со парични казни,.. да не зборуваме за фирмите, 2000 евра казна за ова, 5000 за она,.. па тие потоа работат само за казни,... видео камери ваму, теле камери онаму, резулттот ќе го видиме во блиска иднина.

Гледате ли слободата на граѓаните во Р. Македонија е намалена за разлика на онаа слобода од пред 20 години. 

Да македонската имиграција,... Македонија треба да мисли како, на кој начин да ѓи привлече нашите ''македончиња'', а сега со странски пасоши да поминат барем 15 дена од годината во Македонија.  Bо Македонија да го поминат своите годишни одмори или барем дел. 
За нашата емиграција не е потребно којзнае што освен нашата македонска гостопримливост, а не сообраќајната полиција да ѓи казнува на секои пречекорени 2 km на час, насекаде во Македонија лимитот на брзина го намалиле од 50 km/h на 40 km/h, ''господа'' кога ви одговара ''намалувате'', во ЕУ , во градовите на некои улици лимитот достигнува и до 70 km/h,.. одите ли на туризам по ЕУ за да се запознаете?,.. ааха да, за тоа требало современи градски патишта,... или ако си стават од нивните со мака заработени пари во банка, а ''овие'' наши бирократи  и поставуваат незгодни прашања во последно време, да бараат безброј документации од каде тие пари?..
 

Мораме да обезбедиме начин да нашата македонска имиграција продолжи да се чуствува како ''дома'', а не како странци,.. иако тие веќе се странци,.. имаат странско државјанство,.. ма Македонија не смее да се откаже од нив и нашето македонско поколение надвор од границите на Македонија.

За ова претходните и сегашните политичари не мислат,.. и го укинаа дури и сателитскиот канал.... алал ви вера.  Во весниците само зборуваат колку милијарди  внесувала во Мкедонија нашата Македонска имиграција,.. а да, пак додека ''нашите'' од внатре изнесувале пак на надвор ,.. милијарди,... 

Значи треба малку по опуштено,.. нашите треба одморите да ѓи поминуваат во Македонија, a  не по странство. Алармантно е, втора генерација Македонска имиграција,.. готово,.. нивните деца забораваат дека се Македонци,.. се идентификуваат како странци,.. а државата по прецизно политиката во Македонија не прави ништо да се спречи тоа.

Дали знаете дека нашите во Германија треба да се откажат од македонското државјанство за да земаат германско,.. нема двојно државјанство таму, па затоа Македонија ( во вакви случаи ) треба да издаде ''некој документ'' за тие лица со кој тие македонски државјани ( сега екс ) ќe дојдат не како странци во Македонија или да можат да купуваат, или поседуваат некоја неподвижна сопственост во Македонија,.. да се најде некој начин за да Македонија не ги изгуби ''македончињата'' тие да имаат сопственост во оваа Македонска Држава,.. да има за што да доаѓаат  и да даде господ  да градат,... а со тоа Македонија оди понапред. Нека направат бизнис нека го пренесат искуството што го стекале во странство,..итн. 
Македонската држава треба да обезбеди услови,.. сега нема услови. со ваква политика нема добра иднина за Мкедонија. 

Денес во Македонија има само негативна бирократија и голем број на неповолности па затоа Македонската имиграција не инвестира во Македонија, да се радуваме ако направат некој куќа или подноват некоја неподвижнoст. 

Ако Луксембург е најголем прикривач на банкарските извештаи во нивните банки од ЕУ,.. ( Јункер од Луксeмбург ,.. ''соли'' политика ) зошто и Р. Македонија не земе пример малку од Луксембург?,.. или од Монако - Монте Карло. 

Многу ''провидна'' Македонска Држава не е на ''добро'' за граѓаните на Р. Македонија, туку само за македонските и ЕУ бирократи,.. 

Во чија слижба треба да е Македонската Држава во ''бирократската'' или во служба  на македонските граѓани? Гледате ли каде не ''одведоа''. Е да, веќе сме ''акомодирани'' на столчето за ''стрижење'', а не сме во ЕУ.

Најголемиот непријатл на Македонија не е ''белата'' смрт , ма иселеништвото,..  граѓаните ќе ''правт деца со помош на државата'', ма тие деца ќе избегаат ќе емигрираат, а за тоа е виновник стандардот во Македонија. 

Јас пожелувам на секој што сака да оди да го види светот, да оди да го види, да успее, а потоа да се врати и го сподели искуството со нас во Македонија. За тоа владата на Македонија треба да направи услови за да иселениците се вратат и го споделат нивното искуство, па макар и за кратко време,.. да се вратат во Македонија.

До сите поранешни и сегашни влади и прецедатели: 

''Ако бевте способни или умни, немаше да се однесуваат по светот со вас како сега. Немате никаков углед да не зборуваме за самопочит. Па нели ви е срам да се договарате како ќе ве нарекуваат некои друѓи?... хм како ќе не нарекуваат друѓите. Вие со вашата неспособност сте виновни за оваа ситуација во која ја доведовте Македонија после независноста па до денес.''

Не зборувам за економијата за која немате поим како се води,.. со правење долгови не се води економија. 
Економски и морално Македонија е загрозена од вакви неспособни лица. 
Исто и воено - одбранбената политика на Р.Македонија е во тотално неповолна ситуација.

Ќе инвестираат ли македонските емигранти во вакава Македонија?,.. избори на секои 2 години,... во последниве 6 години,...и од се одозгора и еден ''мини'' воен конфликт. Или нема потреба да инвестираат друѓите доволно сте вие, Македонија ја сакате само за вас. Ок во ред, и така да е,.. ма со вашата некомпетентност ќе ја изгубите, а потоа пак ќе ѓи молите македонските емигранти да ви помогнат. 

 

Мал дел како функционирала Македонската Држава пред да биде уништена од страна на Рим, тој ''Рим'' го нема повеќе ма '' неговите ученици '' останaле, додека, Македoнија и Македонците, да,.. какви сме денес еве видeте,.. пардон прочитајте:

 

Финансии

Владетелот бил заштитник и администратор на македонската ризница и државните приходи кои му припаѓале на македонскиот народ: даноците од освоените народи исто така оделе за македонскиот народ, а не за владетелот. Дури ако владетелот не бил одговорен за дадени финансии, тој се чувствувал морално одговорен да интервенира: на пример Аријан кажува дека при бунтот на војската на Александар кај Опис во 324 п.н.е., Александар морал да ги прикаже сметките од неговото наследство при смртта на неговиот татко за да покаже дека нема направено никаква финансиска злоупотреба.

Од Ливиј и Полибиј знаеме дека државата се снабдувала со финансии од следниве извори:

             - Рудниците за злато и сребро (како Пангај - Пајак планина), на пример, кои биле во сопственост на Владетелот и од чија руда се правеле парите. 

            -   Правата за ковање на поситни пари од бронза и сл. потоа се предавале на регионалните власти. 

Шумите,чие дрво било високо ценето од страна на  атињаните  за бродоградба: Атина склучувала трговски договори со Македонија во 5 век  п.н.е. за увоз на дрво за бродоградба. 

Владетелските поседи кои биле земја здобиена по пат на освојување и била исползувана директно или со помош на работната сила на воeни затвореници, како и индиректно преку даночен систем. 
          

 - Царина на пристаништата која се однесувала на трговијата (давачки за увоз и извоз). 

Најчестиот извор на приход било давањето под наем: Аминта ТРЕТИ  (или можеби Филип ВТОРИ) ги удвоил пригодите на пристаништата со помош на Калистрат, кој избегал во Македонија и донел 20 до 40 теленти за една година. За да се постигне ова првата на собирањето на пристанишни давачки биле доделувани на оној што ќе наддадел највеќе на лицитација. Ливиј кажува дека рудниците и шумите исто така се давале под наем.

       Со исклучок на поседите на Владетелот, земјата во Македонија била бесплатна: сите македонци биле слободни граѓани и никој не плаќал давачки никому за користење на туѓа земја. Дури и даноците во кризни ситуации кои биле нормални насекаде не постоеле во Македонија. На пример економските кризи на Александар Македонски во 334 п.н.е. и Персеј во 168 п.н.е. не резултирале со воведување на данок, туку кризите се решавале по пат на заеми или покачување на наемнини.

       Владетелот исто така повремено  ослободувал некои луѓе од било какви давачки како на пример во случајот на семејствата на загинатите борци во битката кај Граник во Мај 334 год. п.н.е.  кои биле ослободени од плаќање наемнина за користење на  имотот на владетелот, како и други стопански давачки.

 

ЕЕЕЕxееееејј, далеку сме ние од таа Македонија каде бло гордо и прекрасно да се биде Македонец. Денес сме горди Македонци, ма прекрасно од далечното минато,.. не од сегашноста. Дури малите придобивки од партизаните ги ''закопаа'' овие како да ѓи наречам,..  

 

04/01/2016 - Македонија

 

Јавна тајна е денес дека некои од поранешните иселенички клубови или друштва ( во минатото од екс Југославија)  беа ставени под контрола на тајната слижба - УДБА, за да спречат организација ( обединување на Македонија ) на Македонците,.. е денес некои од тие друштва пак се под контрола на ''некои организации'' денес од Македонија. Велам некои,.. да се надеваме не сите. 

За иселениците '' било'' важно само да не се смени Уставното Име на ДРЖавата Македонија, а тоа што политичарите се неспособни тоа баш не ѓи интересира. 

Одговорот на некои иселеници од Авестралија кога прецедателот бараше помош летото 2015 година, после воениот мини конфликт во Куманово беше:

'' Македонците имале потреба од ''сериозни '' политичари за да инвестираат во Р. Македонија '' 

Зошто Македонците од сите делови на светот не се вратат и станат тие политичари?,.. или да оформат организации, политички или не и така да направат предуслови за нивно инвестирање во Државата Македонија. 

Како што реков погоре: 

''Јас пожелувам на секој што сака да оди да го види светот, да оди да го види, да успее, а потоа да се врати и го сподели искуството со нас во Македонија. '' 

Тоа е морална обврска за сите свесни Македонци.   

МАКЕДОНОН

 

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIJAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

контакт е - маил : info@makedonijaese.com